Apteka Vera
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
wishlist
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
FERVEX за деца, 8 кесички
 
 
 
 
 
 

FERVEX за деца, 8 кесички

 
 
 
246Ден
 

Fervex за деца е наменет за третман на настинка, воспаление на слузницата на носот (ринит), воспаление на слузницата на носот и грлото (ринофарингит) и состојби слични на грип (бистар исцедок од носот, кивање, солзење, главоболка и/или покачена температура) кај деца од 6 до 15 годишна возраст.

:
 
 

Активни супстанции: фенирамин малеат, парацетамол, аскорбинска киселина (витамин Ц)

Останати состојки: Арома на малина

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

деца од 6 до 10 години: по 1 кесичка два пати на ден (2 кесички за 24 часа).

деца од 10 до 12 години: по 1 кесичка три пати на ден (3 кесички за 24 часа)

деца од 12 до 15 години: по 1 кесичка четири пати на ден (4 кесички за 24 часа).

Интервалот помеѓу дозите треба да биде најмалку 4 часа, кај пациенти со нарушена бубрежна функција интервалот меѓу две дози треба да е најмалку 8 часа.

Содржината на кесичката се раствора во чаша (200 мл) топла или ладна вода. Препорачливо е да е водата топла, но да не преминува 60°C.

Времетраење на употреба: 3 дена.

Ако олеснување на симптомите не се забележи по 3 дена употреба на препаратот, пациентот треба да се консултира со лекар. Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството! За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

 
 
Share on Facebook
Tweet
Share On Google Plus
Share On Pinterest