За нас

Аптека Вера

Кои сме ние?

Пзу Аптеки Вера започнува со работа во 2014 год со отворање на рурална аптека во склоп на Јзу Здравствен Дом Д-Р Русе Бошковски – Ростуше.

 Една година подоцна Аптеки Вера се прошири со 4 подружници, подвижни аптеки со опремени возила за мобилна продажба на лекови и отц производи во руралните подрачја на Југозападен и Полошки регион , со цел да им се олесни пристапот до потребните лекови и препарати на руралното население. Во 2021 год , Аптеки Вера се прошири со уште една подружница аптека во град Скопје, во склоп на ЈЗУ ПОЛИКЛИНИКА ИДАДИЈА – СКОПЈЕ. Со отворањето на подружницата Аптека Вера Идадија - Скопје се приклучи на PlusPharma концептот кој ги поврзува индивидуалните успешни аптеки, преку кој се подобрува квалитетот на фармацевтските услуги за пациентите и корисниците на услугите во аптеките.

Нашата мисија :
Со производи од реномирани пpоизводители, лекови, додатоци во исхрана, бебе програма , и козметички препарати, да им понудиме на пациентите правилна помош и совети за квалитетно здравје и здрав живот.
Нашата цел е континуиран професионален развој за висок квалитет на услуги за нашите пациенти.